Како вашиот дом да мириса луксузно?
Често се случува домот да мириса напријатно и сосема е нормална таквата појава. Но, добро е да знаете дека решението не е во скапите освежувачи за воздух кои се полни со хемикалии.
Наместо тоа, направете домот да мириса луксузно баш како хотелите со пет ѕвезди. Не мора да фрлате многу пари, бидејќи решението е толку достапно!
Се што ви треба се лимони и нане. Ставете неколку кришки лимон и неколку гранчиња нане (наместо нане, може да употребите рузмарин, лаванда или цимет) во еден голем сад и полијте ги со вода. Ставете ги да се варат на тивко час до два.
Оставете ја течноста да се олади и ставете ја во распрскувач. Ќе добиете супер освежувач за домот чиј мирис трае со денови. Овој освежувач може да го користите петнаесетина дена доколку го чувате во фрижидер.