Најтешко се живее со искрена жена!?
Припадниците на така наречениот послиен пол тврдат дека искреноста е токму она кое го бараат во спротивниот пол. На глас ги кривуваат жените кои умеат да мануипулираат и да преќутуваат. Но, кога навистина ќе се сретнат со искрена жена тие многу брзо сфаќаат дека искреноста не е таква каква што они ја замислувале и барале. Искрените жени имаат незгодна навика да бидат брутално искрени буквално во се.
Искрените жени отворено зборуваат за своите чувства. Нивниот отворен настап многу пати умее да ги збуни мажите. За неверување е за нив колку лесно таквите жени знаат да кажат што очекуваат и што сакаат од врската. Често пати им делува агресивно и засташувачки.
Искрените жени рушат ѕидови. Искрените жени знаат дека мажите ставаат кочница и умеат да креваат ѕидови високи како планина само за да се заштитат. Ваквите жени ги рушат ѕидовите кои мажите ги градат од страв и ги надминуваат границите кои мажите ги поставуваат.
Искрените жени немаат проблем со вистината. Колку и да е вистината болна, понижувачка или трагична секогаш ќе се слушне од устата на искрената жена. Свесни дека можат се да загубат и се да уништат искрените жени ќе ја изговорат вистината.
Искрените жени поставуваат незгодни прашања. Можеби нејзините прашања ќе се многу длабоки и премногу лични, но инаетливо ќе бара од вас да и го дадете одговорот кој го притискате длабоко во вас. Со незгодни прашања и тешки одговори искрените жени се на свој терен-а вие на лизгав.