Неколку работи кои треба да престанете да ги правите штом наполните 50!
Неколку предрасуди со кои е време да се поздравите штом ќе наполните 50 години!
Да бидете на диета! Не само што нема да делува, туку голема е веројатноста од истражувања кои се докажале преку пракса дека можете да добиете контра ефект.
Да ја боите белата коса. Немојте да ја боите само за да ги прикриете седите влакна. Ако сакате некоја боја и мислите дека ви прилега одлично фарбајте ја. Но, само заради белите влакна не изложувајте се на тој притосок.
Да го одложувате важното за подоцна. Постои поделба на работите, важни и не толку вашни. Оние кои се важни треба досега да имате научено дека ништо корисно не добивате и може дури и да ја влошите ситуацијата доколку ги одлагате.
Да се срамите од своите грешки. Колку и да сте згрешиле извинете се и не срамете се сами од себе. Во даден момент сте мислеле дека грешното е право и тоа е тоа. Ништо страшно, секој жив човек греши.
Да живеете за другите. Никогаш не е доцна за промени. Почнете од сега. Создадете си време за себе. Уживајте во себе и во својот живот.
Да се правдате и покорувате. Никому не должите ништо, па ниту објаснување ниту правдање и покорување. Секоја личност живее за себе, и само сама со себе до крајот на животот.