Од насУбави муабети

Не сум љубоморна на неговата љубовница!

Мислев дека најстрашното нешто што можев некогаш да го дознаам е тоа дека мојот сопруг има љубовница.

Неколку години подоцна, сфатив дека има луѓе кои дознаваат многу пострашни нешта, информации и дијагнози.

Во првиот момент кога дознав бев гневна и бесна, но никогаш не бев очајна. Првата работа што ја направив беше телефонскиот повик упатен кон мојот адвокат. Сите ми велеа да пробам да го спасам бракот. Никого не послушав. Ако бродот тоне – јас напуштам терен. Немаше што да спасувам. Тој одбрал неколку месеци да љуби друга жена, наместо сопствената.

Немаше да го пишувам ова, ако пред некој ден една пријателка не ме запраша дали некогаш бев љубоморна на девојката која ми го уништи домот…

Ме стави во размислување… Всушност, кога добро ќе си го вратам филмот, никогаш не и бев љубоморна. Нема ни зошто. Таа, всушност ме спаси. Ме спаси од еден паразит кој по цел ден гледаше фудбалски натпревари и серии. Неговата единствена активност беше одењето до спортската обложувалница која се наоѓаше отспротива мојата куќа. Да, живеевме во мојата куќа бидејќи беше скаран со неговото семејство и се што имаа тие и припаѓаше на неговата сестра.

И впрочем, како да бидам љубоморна на девојка која едвај завршила средно, работи што ќе стигне, а најмногу од се сака да се плетка со мажи кои се богати… Но, тука имаше еден проблем… Тој само се претставуваше како богат. Парите и сметките беа кај мене. Оти работев дење – ноќе.

Ете го, тој сам. Таа со богаташ. Јас – спасена!

Поврзани статии

Back to top button