Кога не знаеш што да си купиш купи си книга
Од книги никогаш доста. Во продолжение еве ги нашите денешни предлози.
Туѓи писма (Александар Морозов) Со читање на романот се навраќаме на шеесеттите и седумдесеттите години. По неколку прочитани страници, се добива впечаток дека приказната содржи премногу детали. Но, тоа е само стилската алатка на Александар Морозов.
Сонуваат ли андроидите електрични овци? (Филип К.Дик) Најдоследен брилијантен писател на научна фантастика во светот. Имигрантите на Марс добиваат андроиди, кои се толку софистицирани што не може да се разликуваат од вистинските мажи или жени. Исплашена од пустошот што овие вештачки луѓе може да го предизвикаат, владата ги протерува од земјата. Присилени да се скријат, неовластените андроиди живеат незабележано меѓу луѓето. Рик Декард, инаку официјален ловец на глави, е ангажиран да ги открие андроидите престапници и да ги „пензионира“. Но, андроидите возвраќаат и тоа со смртоносна сила.
Валкано црвено (Тирин Фишер) Читајќи ќе сфатите дека човечките очи се немиот говор на мозокот. Ако внимателно гледате во нив, можете да ја видите вистината, сурова и недопрена.