Справете се со лошиот здив и кариесот!
Забите се важен дел од нашиот изглед и нема човек кој не сака здрави и блескаво бели заби.
Но, од друга страна тие често се расипуваат, па постојано сме на стоматолог за да поправиме по некој заб, а на третманите за белеење ретко кој се одлучува бидејќи се доста скапи.
Настрана од сите хемиски пасти и преперати, ви нудиме еден рецепт кој ќе ви помогне да имате свеж здив, бели заби и ќе превенира појава на кариес. Состојките кои ви се потребни за овој третман воопшто не скапи и секој може да си ги дозволи.
За да се справите со лошиот здив и да го намалите ризикот од кариес потребни ви се кокосово масло и куркума во прав.
Оставете го маслото на собна температура за да стане течно, па две лажици масло помешајте ги со една лажица куркума во прав. Со помош на чиста четка за заби земете од смесата и убаво истријте ги забите и јазикот, па исплакнете со вода.
Овој третман може да го правите и неколку пати неделно, а резултатите ќе ги видите за брзо време!