Дали при туширање користите сунѓер?
Многумина од нас користат сунѓер при туширањето, а некои се уште го практикуваат оној стариот добар метод, се тушираат само со сапун или со гел. Ако вие сте зависник од сунѓер, треба да подразмислите колку сте навистина чисти по туширањето.
Најновите медицински истражувања велат дека сунѓерот е најголемото легло од бактерии. Потенцијално е полн со стафилококи и патогени бактерии.
Можеби сунѓерот е одличен за правење пена и за лесно и брзо туширање, но тоа не е најдобро решение за кожата. Особено ако сте склони кон воспаление и иритација. Иако и во случај на помалку проблематична кожа, големиот број на бактерии во него може да предизвикаат сериозни проблеми. Бактериите на сунѓерот може да се причина за појава на акни и мозолчиња, може да предизвикаат респираторни проблеми, како и пневмонија и тешки форми на инфекција.