ЖивотУбави совети

Што да ручате денес?

Подгответе ги овие необични и вкусни плескавици и уживајте во денешниот ручек! 

Состојки:

20 црвени, печени и лупени пиперки

2 јајца

150гр кашкавал

200г лебни трошки

4 лажици брашно

масло за јадење

сол и црн пипер

Подготовка: пиперките исечкајте ги на тенки долгнавести ленти и ставете ги во длабог сад. На крупната страна од рендето изрендајте го кашкавалот дирекно во садот. Посолете и наросете црн пипер. Додадете ги лебните трошки и брашното и мешајте непрекинато се додека смесата не се соедини. Со дланки намастени со масло од смесата формирајте ги плескавиците. Пржете ги на загреано масло. Откако ќе ги испржите од двете страни ставете ги на чинија која предходно ќе ја обложите со хартија. Оставете да се упие маснотијата а потоа сервирајте ги по желба.

 

Поврзани статии

Back to top button