ЖивотУбави совети

Четири фрази кои мажите ги кажуваат и на кои секоја жена се има лизнато барем неколку пати во животот

Некои мажи знаат што треба да кажат за да освојат жена. Иако повеќето од нас веќе ги имаме слушнато овие фрази, мора да признаеме дека повторно имаме барем еднаш, а често и неколку пати, паднато на нив:

Сè уште не сум подготвен, но можеме да се забавуваме

Во вечерните часови, во станот. Никогаш во текот на денот. Многу жени ќе паднат на ова со надеж дека некогаш ќе стане подготвен за врска.

Повик за филм или кафе

Ако тој постојано нагласува дека во вас не гледа како во жена за една вечер, веднаш ќе му поверувате дека тој е прекрасен и искрен човек. Сепак, да бидеме реални, и овој повик за кафе или филм оди сосема во друга насока…

Имам многу работа, но наскоро ќе се ослободам

Веројатно нема желба да ве види во тој момент, но тој не сака да го изгуби контактот со вас. Чудно, но на оваа фраза жените паѓаа секој пат.

Никогаш не сум сретнал девојка како тебе!

Ова веројатно го зборува токму на сите што ги среќава, и секоја од нив се чувствува толку посебна што е подготвена да прави се што тој ќе посака.

Поврзани статии

Back to top button