Од насУбави муабети

Жената може да се помири со фактот дека партнерот спиел со друга…

Изневерувањето значи дека во врската постои лага, некој вид двоен живот. Оној кој изневерува често пати живее во хаос, во лага и играјќи прљава игра. Нанесувајќи болка и нож во туѓ грб, тој се повредува себе си, несвесно.

Она што од женски агол можам да го кажам е дека секоја една жена повеќе ја боли емоционалното изневерување од физичкото. Чувството дека нејзиниот партенер гаи длабоки, силни емоции и фантазии за друга жена е многу болно.

Жената може да се помири дека партнерот ја изневерил, спиел со друга жена, држал друга за рака, но не може да се помири и лесно да прифати дека оној нејзиниот е заљубен до коска во друга жена, жена која не е она. Повеќето жени напредуваат и вложуваат на емоционалната врска со својот партнер. Тоа е основата и среќата на нивниот живот, а не сексуален однос!

Поврзани статии

Back to top button