Од насУбави муабети

Себичноста и лагата сите ќе не уништат оти дозволивме злото да го победи доброто!

И оние кои не беа себични, животните лекции ги направиа такви. И оние кои веруваа, искуствата ги направиа полни со недоверба. И оние кои љубеа, лажната љубов од лошите ја прифатија. И оние кои не лажеа, почнаа да го практикуваат тоа, оти многупати биле излажани. Злото го победи доброто. Во свет полн со глума и лаги, сите станаа експрети по глума. Лагите се сечие секојдневие, се будат и заспиваат со лаги, живеат лажен живот и ни малку не се срамат од тоа. Се натпреваруваат кој кого повеќе ќе повреди, кој подобар филм ќе сними, кој со лага поголема лага ќе се издигне и унапреди. Лага денес, лага утре, лага секој ден. Честопати се прашувам дали од толку пати кажана иста лага луѓето несвесно почувваат сами на својата лага да и веруваат. Дали се свесни дека лагата има краток рок, дека вистината има нозе, полека но сигурно ќе ги стигне. Патолошки лажговци стануваат само да не се разликуват од другите… Најжално е што се лашат себе си, што ги лажат блиските и што дозволуваат злото наречено лага да ги проголта. До кога така? Има ли лек против лаги? Како ќе стане светот подобро место за живеење за сите нас кога денот ни започнува со лаги, вечерта ни завршува исто така со лаги.

Поврзани статии

Back to top button