КариераУбави совети

Има начини како работниот ден да биде полесен!

Ви откриваме пет едноставни начини за тоа како да бидете што поопуштени на работното место и се разбира и повеќе продуктивни!

  1. Во својот распоред вметнете ги термините за одмор. Кога правите план за неделата или за денот, јасно потенцирајте го времето за семејството, пријателите и сите оние активности нешта кои ве прават среќни и ве полнат со позитивна енергија.
  2. Немојте да се плашите од делење на работата. Не ни пробувајте да направите се сами иако тоа очајно го посакувате. Побарајте помош од членовите на семејството и колегите. Научете и љубезно да одбивате обврски кои не се ваши!
  3. Секое утро одвојте пет минути за медитација. Медитацијата ќе ви помогне да имате енергија и ентузијазам за она што следува во текот на денот.
  4. Движете се! Не е лесно да најдете време за вежбање, но научно докажано е дека физичката активност го поправа расположението и ви дава енергија.
  5. Создадете пријатна работна средина. Украсете го бирото! Ставете цвеќе на работната маса, мотивационен цитат во рамка или интересна фотографија!

Поврзани статии

Back to top button