ЖивотУбави совети

Победете ја есенската меланхолија!

Есенските денови знаат да бидат здодевни, затоа што денот е пократок, а температурите на воздухот – ниски! Но, не смеете да си дозволите времето да го трошите залудно и да западнете во есенска меланхолија.

Имаме неколку одлични совети кои ќе ви помогнат да уживате во есента и да сфатите дека може да биде најубавото годишно време!

Прошетајте во паркот

Искористете ја дневната светлина и отидете до најблискиот парк. Уживајте во свежиот воздух и наполнете ги батериите. Со себе понесете хартиена вреќичка и соберете ги пожолтените лисја. Од нив може да си направите интересни декорации за домот. Повеќе идеи за тоа како да го декорирате домот со есенските лисја прочитајте овде.

Изгледајте добар филм или прочитајте некоја книга

Студените есенски вечери баш и не ни даваат некаква мотивација за дотерување и излегување. Направете си го вашето омилено кафе или чај и уживајте додека откривате нечии прекрасни животни приказни. Ние имаме супер предлози. Погледнете ги!

Разубавете се!

Опуштете се со топла купка. Направете си маска за лице. Негувајте ја кожата со различни масла. Наспијте се!

Поврзани статии

Back to top button