Се плашите ли од седи влакна и брчки?
Секој од нас ќе се загрижи кога ќе сфати дека веќе се појавиле ситни брчки околу очите или неколку бели влакна низ косата.
Но, експертите советуваат дека не треба да се плашите од староста. Едно истражување на оваа тема било спороведено на неколку стотици луѓе на возраст од 22 до 36 години. Научниците со помош на електроенцефалографија и компјутерски скенови ја следеле работата на мозокот на учесниците во истражувањето.
Се покажало дека оние кои премногу се плашат од влегувањето во триесеттата деценија од животот имаат двојно поголем ризик од појава на депресија, а со тоа го одложуваат развојот на мозочните функции.
Младите во нивните дваесетти обично се грозат од помислата на тоа дека еден ќе остарат и се плашат дека ќе ја изгубат младоста, виталноста и енергијата. Но, истражувањето покажало дека стареењето без страв е добро за мозокот, односно оние луѓе кои ги прифаќаат седите влакна и брчките како нормална појава имаат подобра функција на мозокот, носат подобри одлуки и правилно ги контролираат емоциите.