Три психолошки книги кои вредат да ги прочитате!
Надополнувајте се читајќи. Времето минувајте го квалитетно. Вежбајте го мозокот секојдневно!
Физика на тагата (Георги Господинов) Со оваа книга Господинов се издигнува над низините на комерцијалноста и конвнционалноста на романот, спасувајќи се не само себеси, туку и литературата, а со неа и целиот свет. Една задолжителна книга за остатокот од нашиот живот!
Од агресија до љубов (Теодора Костовска, Методи Чепреганов) Развивањето на емоционалната интелигенција преку будност и свесност за сопствените чувства го развиваат успешниот начин на однесување, пред се, кон себе си, потоа кон семејството и преку него во општеството.
Уметноста на живеењето (Горан Главинац) Темите кои се главен дел на книгата поврзани со религија, психологија и поврзаноста на телото и умот го интересираат константно од најмлади години. Авторот ги проучувал овие проблематики со години, а голем дел од изнесеното во книгата е плод на негово лично искуство, чувство и доживување.