Животот не е едноставен, но тоа не значи дека треба да се откажете од вашите соништа…
Животот не е едноставен, но тоа не значи дека треба да се откажите од вашите соништа. Само силно верувајте дека се ќе биде во ред и направете ги следниве нешта…
Поставете си цел – морате да имате кристално јасна идеја за тоа што сакате да постигнете во животот. За што и да станува збор, морате да бидете одлучни и храбри. Немојте да тргнете со негативна мисла. Позитивнно гледајте, верувајте дека што и да зацелите ќе успеете. Поставете си дата, точна дата до кога ќе ја остварите замислата. Работете на тоа, оти ништо од небо само не доаѓа. Позитивната мисла нека ви даде сила.
Бидете присутни тука и сега, потполно релаксирани – најважно е да сте тука и сега. Да не лутате во минатото. Единствено време во кое можете нешто да направите е сегашноста. Не правете грешка фокусирајќи се кон иднината, со тоа само ќе ја уништите сегашноста.
Започнете од мали работи – Она што ви изгледа лесно и не многу важно не го оставајте за во иднина, направете го одма. Кога тука ќе го осетите благодетот на успехот понатаму ќе ви е полесно, тој ќе ве мотивира за поголемите залаци.
Не оставајте ги обврските за утре – Престанете да фантазирате. Зборот „некогаш“ заборавете го. Се што може да се заврши денес нема потреба да се остави за утре. Секој ден е полн нови предизвици. Впуштете се во акција, и тоа одма. Немојте само да седите дома и да чекате некој да заѕвони и да ви понуди помош. Сам што можеш, не чекај од друг.
Секогаш верувајте во себе – секој кој не успеал во законот на привлекување се вели дека не знаел ни што посакувал. Ништо нема да дојде онака како што си замислувате. Силата е многу посилна од вашиот ум. Не може само да фантазирате, а да не започнете, мора да има атмосфера за желбата да се исполни.
Спортувајте или медитирајте – медитацијата може да ви биде многу од корист. Од неа ништо не може да изгубите, само ќе добиете. Медитирајте или спортувајте. Чистете си ја енергијата. Така негативната ќе ја исфрлите и ќе се наполните со позитивна, а тоа е најважно.
Прегрнете ги позитивните пријатели, негативните тргнете ги подалеку од вас – тоа не вели за вас дека ќе станете лоши луѓе, едноставно тоа е за ваше добро, за посветла иднина и подобро утре. Од позитивните луѓе учете и никако не дозволувајте вас да ве избегнуваат оти зрачите со негативна енергија и со лоша мисла тргате. Ако се здружат повеќе позитивни и умни луѓе многу полесно ќе се достигне врвот.