Од насУбави муабети

Балансот во животот е најважен!

Ве проколнувам, немојте да преживувате, туку живејте. Среќното и безгрижното сите знаеме дека скоро и да не е возможно, но квалитетното живеење зависи само од вас. Еден е, и ваш е. Не протрчувајте го, не запоставувајте го животот.

Не летајте по работа, или по кариера и пак по себеуништување. Нека не ви помине животот лежејќи или само работејќи. Компензирајте, правете компромис за приоритетите и желбите. Секогаш трудете се да држите баланс помеѓу работата и животот. Балансот е најважен. Годините си летаат дури да трепнете, некои работи не се соодветни за секои години затоа внимавајте и размислувајте. Размислувајте на време за потоа да нема простор да се покаете. Не трошете време мислејќи што сте можеле да направите, бидете присутни сега и овде. Не фантазирајте за иднината, така ја уништувате сегашноста. Поставете си свои цели и решително чекорете по патот кои води кон нивно остварување. Не откажувајте се, и не вртете се назад.

Живејте по свој вкус и свој мерак. Ве проколнувам, сакајте го животот, сакајте се себе си.

Поврзани статии

Back to top button