Од насУбави муабети

Да ја родев, исто волку ќе ја сакав, милував и негував!

Мојата малечка принцеза, мојата гордост и утеха. Таа е моето прибежиште од реалсноста, од суровите и себични лица на возрасните. Таа е мојата прва, една и едниствена вкука, за која можам се да направам. Да ја родев, исто волку ќе ја сакав, милував и негував. Нејзината чиста душичка, нејзините искрени насмевки и очи полни сјај се вредни за негување. Кога ми е тешко таа ме лекува, со насмевки и бакнежи ми олеснува. На мојот свет боја му создава. За неа живеам, за неа дишам. За неа сум ваква, за неа се трудам да бидам најдобра. Од мене само убавини да учи. “Тетката во очите на едно дете е се”, таа мисла сила ми дава, и кога ми е најтешко штом на неа ќе помислам решението на прагот е. Се радувам за неа, се радувам што нејзините нежни рачиња обожуваат да ме прегрнуваат, ја сакам. Ја сакам повеќе од се, иако не ја родив!

Поврзани статии

Back to top button