Од васУбави муабети

Еден ден, кориците ќе го добијат својот наслов…

Постои едно место, длабко сочувано во мислите.
И еден лик…
Едно име.
Излегуваат на површина и се повторуваат, секогаш штом затрепери душата.
Како нераскажана приказна од книга, која магијата ја има низ празни листови.
А ти точно знаеш на која страна каква емоција е сочувана.
Без букви.
Без знаци.
Само гола емоција што ти краде насмевка.
Еден ден, кориците ќе го добијат својот наслов.
“Некогаш”.
Така ќе биде раскажана суштината.
А ќе те оживува копнеж за едно “утре”, во сите гризнати усни и помислени нежности.
Постои едно место.
Еден лик.
Едно име…
“Некогаш” ќе ја воскреснат својата приказна.

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button