Преку книги станете подобрата верзија од себе си
Читајте и богатете се. Духовното е најважно, не заборавајте!
Петте јазици на љубовта (Гери Челмен) Не заборавајте, секој може да го научи јазикот на љубовта. Во оваа книга ви се открива тајната за заемно разбирање што преобрази милиони двојки во светот. Во својот практичен и прониклив водич за долговечна љубов, тој нè тера да се прашаме што бараме еден од друг, ни покажува како да го научиме јазикот на љубовта на партнерот и ни ја открива моќта на вистинските зборови и дела. Без оглед дали врската ни цути или ни се распаѓа, проверениот пристап на д-р Чепмен ќе ни помогне да доживееме подлабока и побогата интимност со партнерот.
Од агресија до љубов (Методи Чепреганов, Теодора Костовска) Потиснувањето на емоциите го пореметуваат рационалниот и реален пристап и поглед на животот. Развивањето на емоционалната интелигенција преку будност и свесност за сопствените чувства го развиваат успешниот начин на однесување, пред се, кон себе си, потоа кон семејството и преку него во општеството.
Не е важно колку си добар, важно е колку добар сакаш да бидеш (Пол Арден) Токму оваа книга е концизен водач како да го изградите поголемиот дел од себеси – џебна „Библија“ за талентираните и срамежливите да го направат незамисливото замисливо и невозможното можно.