ЖивотУбави совети

Највкусната пита со брокула, мајчина душичка и лук!

Секогаш е иделано време за да подготвите вкусна пита со брокула. За вас го спремивме овој рецепт, а вие припремете го за вашите најмили. 

Потребни состојки: 250гр брокула, 370гр Фета сирење, 170гр лебни трошки, 125гр кашкавал, 60гр рендан пармезан, 2 јајца, 2 чешлиња лук, 3 гранчиња мајчина душичка, сол и масло за јадење.

Брокулата ја делите на цветови. Обарете ги во посолена зовриена вода, а потоа ставете ги во сад со студена вода. Во друг длабог сад го ставатре Фета сирењето и го дробите со вилушка. На крупната страна од рендето изрендајте го кашкавалот. Јајцата ги кршите и ги додавате во садов. Додадете и половина од лебните трошки и мешајте со жица додека смесата не се соедини. На ситната страна од рендето изрендајте ги чешлињата од лук. Гранчињата мајчина душичка ситно исечкајте ги па додадете ги во садот и потоа повторно промешајте. Нанесете ја смесата во керљамичка тава намастена со масло. Изладените цветови брокула извадете ги од ладната вода и нанесете ги врз смесата. Потоа додадете ги останатите лебни трошки и ренданиот пармезан. Попрскајте со масло и ставете ја тавата во рерна. Печете 30 минути на 180 степени.

 

Поврзани статии

Back to top button