ЖивотУбави совети

Вода зачинета со здрави намирници за детоксификација и освежување во текот на целиот ден!

Температурите растат, се потопло и потопло ќе биде. Секој човек треба да внесува најмалку 2л течности дневно. Кога е топло времето не е пожелно да консумирате обоени и газирани сокови, колку повеќе можете избегнувајте ги. Пијте свежо цедени овошни и зеленчукови сокови барем една чаша дневно.

А преку целиот ден и предлагаме да си го подготвите овој освежителен, здрав и воопшто не калоричен пијалок наречен “Саси”. Оние кои редовно го консумираат тврдат дека го решиле проблемот со масните наслаги во пределот на струкот. Свежа вода и четири намирници ви се потребни. Го пиете во текот на целиот ден и доживувате освежување и прочистување на целиот организам.

Состојки:

Една мала или пола голема краставица

Свеж ѓумбир 5цм

3 свежи листа од нане

Еден лимон

Сето ова добро измијте го па потоа на мали коцкички исецкајте го. Ставете ги намирниците во стаклен сад и додајте 1л млака вода. Оставете го од вечер да отстои во фрижидер и наутро започнете го денот со чаша здрава вода!

Поврзани статии

Back to top button