Прославете ги сите датуми кои се важни за вашата врска!
Годишницата од врска и Денот на вљубените не се единствените датуми кога треба да ја прославувате вашата љубов.
Всушност има многу поважни дати кои треба да ги прославувате затоа што тие ја донеле вашата врска таму каде што е сега!
Денот на првиот бакнеж: Бакнежот е првиот показател дали има хемија или не. Само сетете се на пеперутките во вас кои ги имавте во тие моменти… Тоа е огромна причина за славење!
Денот на првата кавга: Многу е важно што сте ја поминале првата голема расправија без да раскинете. Тоа значи дека сте подготвени на компромиси и сакате вашата врска да успее!
Денот кога заедно сте отпатувале за првпат: Патувањата се совршен начин за запознавање. Кога сме надвор од комфорната зона ги покажуваме сите наши доблести, но и маани. Ако сте го преживеале првото патување како пар и сакате доново да отпатувате заедно, честитки имате уште една причина за славење!