ЖивотУбави совети

Мажи, доколку сакате девојката да остане покрај вас еве што не смеете да правите

Секој меѓучовечки однос се заснова на взаемна доверба, а особено емоционална. Довербата е клучот за долгорочната љубов, бидејќи обезбедува чувство на сигурност. Кога знаеме дека имаме личност на која секогаш можеме да се потпреме е многу подобро. Сепак, честопати со некои наши брзи одлуки или иритирачки навики, кои ние не се ни обидуваме да ги искорениме, ја загрозуваме довербата кај партнерот.

Овој пат, ги советуваме мажите, кои навики треба да ги искоренат, со цел да се зачува поврзаноста:

Одбивање и нерасположенос за компромиси и суштински разговори кои би решиле даден проблем. Отсуство, кога најмногу сте потребни ве нема и имате поважни работи. Себично однесување и своеглаво инаетење. Не признавање на вина и убедување во спротивното. Криење на мобилниот телефон од саканата. Кажување нелогични работи и избегнување одговорности.

Доколку девојката која е покрај вас навистина ви значи, потрудете се да не ги практикувате гореневедените работи, се разбира доколку навистина сакате да остане покрај вас.

 

Поврзани статии

Back to top button