ЖивотУбави совети

Паметен мобилен или партнер – прашање е сега!?

Ајде да бидеме искрени кон себе, паметниот телефон е околу 24 часа на ден со нас и се чини дека тој за нас знае најдобро. Можеме ли да кажеме дека имаме најдобра врска во животот со него? Дека то парче технологијата нè поврзува, но, исто така, не оддалечува од луѓето во нашиот секојдневен живот, стана наш најважен придружник и ни треба речиси како храна, вода и воздух. Сега има некои страшни статистики кои се поврзуваат со таа мала, а толку голема тема.

Според едно неодамнешно истражување од страна на глобалните потрошувачи, повеќе од 40% од испитаниците го провериле својот мобилен пет минути по будењето, што значи дека немале интеракција со лицето со кое спиеле. Кога го започнуваме денот со паметен телефон, одржуваме цврста врска околу 47 пати на ден, а ако имаме помеѓу 18 и 24 години, тогаш е 82 пати. Една третина од испитаниците рекоа дека ги гледаат новостите на мобилниот пет минути пред спиење, и ако се разбудат ноќе, исто така, “се фаќаат” за него.

Кога ќе го собереме и одземеме, тоа е многу едноставна математика. Повеќе од денот посветуваме време на мобилниот отколку на нашиот партнер, а во објавена студија за психологија на популарната медиумска култура 70% од жените изјавиле дека паметните телефони негативно влијаат на нивната врска. Тоа навистина има смисла, бидејќи никој не сака да се натпреварува со дел од технологијата. Уште полошо, може да се заклучи дека таа е поинтересна за многумина од човечкото суштество со кое тие создаваат врска.

Поврзани статии

Back to top button