Најпопуларното парче облека за оваа сезона
Меѓу најистакнатите трендови за оваа есенска сезона се истакна едно интересно парче облека: сивиот блејзер со кариран дезен.
Од впечатливи сиви нијанси со кафеави тонови до студени тонови со црни и бели линии, карираниот блејзер, сако или краток мантил на сива основа ги освои модните писти и девојките кои се олицетворение на уникатната улична мода.
Ваквиот модел на блејзер е истовремено и класичен и модерен, едноставен, а впечатлив, елегантен, а лежерен и нуди многу можности за комбинација. Можете да го комбинирате со мал црн фустан, со фармерки и маичка со принт, со здолниште и блуза или пак со класични панталони и кошула.
Еве неколку идеи како да го носите најпопуларното парче облека за оваа сезона!
https://www.instagram.com/p/BY58JmdjeU-/
https://www.instagram.com/p/BYlud6jhpzR/
https://www.instagram.com/p/BZBiXltBqp-/
https://www.instagram.com/p/BZCHkM0nTAm/
https://www.instagram.com/p/BZBTcNNHyPs/