ЖивотУбави совети

Брз рецепт за погачици со фета и сувомеснато

Погачици со фета сирење и сувомеснато – вкус кој ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:

250 гр фета сирење
250 гр маргарин
300 гр меко брашно (тип 400)
1 лажичка сол
100 гр чаден сув врат
1 јајце
сусам

Подготовка:

1. Во соодветен сад измешајте ги маргаринот омекнат на собна температура и издробеното фета сирење и убаво изматете со миксер.
2. Се додава ситно сечканиот сув врат, па постепено се додава 250 гр брашно и се меси со рака додека тестото не почне да се одвојува од прстите.
3. Замесеното тесто се става во пластичен сад, се покрива и се остава во фрижидер 120 минути.
4. Работната површина се посипува со брашно, се става замесеното тесто и со сукало се истенчува на дебелина од 1 см.
5. Погачиците се вадат со кружен калап, се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам. Обложете го плехот со хартија за печење, наредете ги и печете ги во загреана рерна на 250 ºC додека не поруменат.

Поврзани статии

Back to top button