Што би требало да има во вашиот плакар оваа сеозна?
Без разлика на она што го налагаат модните трендови, постојат неколку парчиња облека кои се безвременски и на кои не ми поминува рокот на траење. Тие треба да имаат почесно место во вашиот плакар и би требало да инвестирате во квалитетни парчиња бидејќи ќе ги носите со години!
Што би требало да имате во вашиот плакар оваа сеозна? Кои се парчињата кои се задолжителни и совршени за комбинирање?
Кожена јакна е парче облека кое е безвременско… Можете да ја комбинирате и со фустани и со фармерки или панталони. Ја носите и преку ден и навечер затоа не жалете ги парите и одлучете се да инвестирате во квалитетна јакна!
https://www.instagram.com/p/BXKMqjIBVtw/
Блјезер, мантил, сако… Треба да имаат место во вашиот плакар. Ќе ви дадат доза на елеганција и опуштен изглед истовремено. Одбирајте ги во неутрални нијанси, така ќе бидат полесни за комбинирање и ќе ги износите максимално.
https://www.instagram.com/p/BYYdDWehFl0/
Свилените кошули се добредојдени за секоја жена. Искомбинирајте ги со фармерки за опуштен, дневен изглед или со класични панталони за на работа…
https://www.instagram.com/p/BYlgo8QhH-c/
Во плакарот имајте еден фустан со цветни мотиви во есенски тонови за да го разбиете сивилото на есенските денови. Може да го комбинирате и со чизми и со балетанки.
https://www.instagram.com/p/BX3VE2JlUAa/
Оваа есен задолжителни ќе бидат големите џемпери во силни бои. Убави се за око, удобни за носење и штосни!
https://www.instagram.com/p/BXr0UzSl8Jb/
Секоја права дама во својот плакар би требало да има едно впечатливо миди здолниште кое ќе ве направи да се чувствувате женствено и секси!
https://www.instagram.com/p/BTKFWpcjx5_/
И за време на есенските и зимските месеци, капите се добредојдени. Одберете неколку кои ќе ги комплетираат вашите аутфити и ќе направат да изгледате шик!
https://www.instagram.com/p/BYK2tLbjAgE/