Медицината да измисли лек за душа!?
Повеќето болести се јавуваат поради болна душа. А, неа не ја лекува ниту психијатарот ниту медицината. Понекогаш телото е уморно, но, ние сме луѓе и со ум и душа, можеме да го станеме, да го натераме да оди, да трча или да вежба.
Духовната обнова е обнова за целиот организам, за целото тело. Кога и да мислите дека телото е уморно одморете го, почастете го со краток одмор, но не залежувајте се. Секоја состојба доаѓа од умот и од душата. Секојдневно правете работи кои ќе ви ги полнат мислите со среќа и убава мисла. Избегнувајте ги лошите луѓе. Зрачете со позитивност. Ако може нешто да се заврши денес, никогаш не оставајте го за утре. Живејте исполнето, сега и тука. Никој не успеал да го врати минатото, ниту пак да ја предвиди иднината. Никогаш не се знае новиот ден што носи. Уживајте во сегашноста збогатувајќи ја со сакани и добри луѓе. Никогаш немојте да престанете да работите на себе. Работата на себе е најмногу платена, верувајте. Единствено тој труд, за себеусовршување се исплати. Не отежнувајте си го животот, и онака не е воопшто лесен. Добро ќе беше како што има лек за главоболка да има и за болна душа, но нема. Хемиски лек нема, оти лекот е во вашиот ум.
И, не заборавајте: Со негативни мисли ќе ја привлечете само негативноста, токму тоа од што се плашите и постојано го мислите ќе ви тропне на врата, затоа мислите секогаш, секогаш нека ви се ведри и убави. Нема желба што не можете да си ја исполните!