Од васУбави муабети

Колку пати сте си рекле “Јас се заљубив”? Многупати…

Многу пати низ животот сме си рекле ” јас се заљубив”. Како е можно тоа?! Да ме прашаше некој тогаш немаше да знам да одговорам. Да било љубов туку така, одамна се ќе било решено во животот. Посреќни би биле, повеќе волја би имале за повеќе работи, не би менувале партнери, не би изневерувале, не би биле изневерени… Но.. Што сме знаеле тогаш, кога се заљубувавме во слика. Да, поминувајќи поголем дел од времето на социјалните мрежи, гледајќи разно разни слики од пријатели, од пријатели на нашите пријатели се заљубувавме во сликата на “оној убавиот” пријател на нашиот пријател. Па ќе се створи момент за запознавање, како божем случајно. Па ќе се заљубиме на прв поглед во живо. Па почнува интензивната комуникација таканаречена подлабоко запознавање. Па разменување по некој бакнеж. Па следува делот каде сфаќаме дека веќе сме во некаква врска. Па се заљубуваме во карактерот кој сме го идеализирале во нашата глава. И се оди супер се до моментот каде неговата или нејзината реакција за одредена работа не се совпаѓа со онаа негова реакција која ние сме ја створиле во нашата глава. И понатаму сме заљубени. Сеедно… Следната фаза е сексот. Во глава е прекрасен, идеален. Подобар не може да биде. Но… Во суштина сфаќаме дека во тие моменти само се залажуваат и двете страни. Не е тоа туку така. Па ќе се разочаравме малку, но сепак продолжувавме да идеализираме се, и си ја склопувавме приказната во глава како нам ни одговара. Па ќе видевме дека се се случува во обратна насока, па ќе почневме во секоја ситница да бараме проблем. Па ќе се разделевме како смртни непријатели и тек тогаш сфаќавме дека сме биле погрешно заљубени. Време, енергија на што сме трошеле? Вреди ли секој нов обид? Лекција ли е? Еднаш на твитер прочитав, некој напиша ” Едно е слика, друго е во живо, трето е карактер, четврто е кревет, а петто е животна идеологија. Затоа има толку погрешни вљубувања..”. И навистина е точно. Кога би престанале премногу да идеализираме и си гаиме илузии во нашата глава, и би посветиле внимание на она што реално се случува не би имало толку погрешни вљубувања. Да престанеме ние возрасните да се однесуваме како деца, да фантазираме и во фантазијата да се вљубуваме, оти на крајот сфаќаме дека фантазирајќи и сонувајќи за нешто нереално ни минал дел од животот!

Поврзани статии

Back to top button