ЖивотУбави совети

Солариум, да или не?

За разлика од природната сончева светлина, кај солариумите се отстранети штетните состојки на ултравиолетовите зраци, односно нивното штетно зрачење. Но, и покрај тоа, користењето на вештачко сонце не е сосем без ризик и не би требало да му се изложувате неконтролирано, сигурно не повеќе од 50 пати во текот на една цела година (вклучувајќи го и изложувањето на природното сонце). Пигментацијата што се постигнува со солаиум не е доволна заштита, па затоа при изложување на сончевите зраци задолжително заштитете се со крем.

Солариумот може да помогне при лекување на невродерматитис, псоријаза и на некои фотодерматози. Лицата што земаат лекови не би смееле да влегуваат во солариум, затоа што комбинацијата на голем број лекови и солариум доведува до промени на кожата.

Солариумот е забранет за децата, ризичен е за лицата со повеќе брадавици и за оние кои во детството имале многу исеченици. Пред користење на солариумот треба да направите темелен пилинг на кожата со кој ќе се отстранат нечистотиите и мртвите клетки. По користење на солариум треба да пиете многу течности, а кожата да ја навлажнувате со млеко за тело. За постигнување на бронзена боја се препорачуваат три третмана во растојание од 48 часа, а еден третман неделно за одржување на бојата. Минимална оддалеченост на лицето од ламбата мора да биде 30 сантиметри, а очите мора да бидат покриени со специјални очила.

Лицата со чувствителна кожа мора да направат пробно сончање со траење од 4 минути.

Поврзани статии

Back to top button