ЖивотУбави совети

Замрзната краставица против оток на лицето: Дали навистина делува?

Замрзнатата краставица против отекување на лицето, тренд кој преовладува на социјалните мрежи. Колку е ефикасен, истражуваме подолу.

Иако со децении се користи во рутината за убавина, луѓето на социјалните мрежи пронајдоа нов начин како да ја користат краставицата за да го елиминираат еден од најчестите проблеми со убавината – надуеноста.

Најпрво треба да се исечат краевите на свежата краставица. Ставете ја во замрзнувач 30 минути. Потоа со неа се масираат лицето неколку минути. На овој начин, велат многумина кои го пробале, се отстранува надуеноста, иритацијата на кожата и црвенилото. Но, дали е ова навистина ефикасно?

Замрзната краставица против надуеност на лицето.

Покрај тоа што е полна со вода и речиси веднаш ја смирува кожата на лицето, краставицата содржи и антиинфламаторни својства кои се борат против иритацијата.

Нејзините ензими ги ублажуваат воспалителните процеси и болките, како и изгорениците. Од сето погоре, експертите овојпат се согласуваат со трендот кој владее на социјалните мрежи. Пред да ја нанесете замрзнатата краставица исчистете го лицето, па дури потоа третирајте го.

Слично делуваат на лицето и изладениот гуа-ша камен, како и гелот од алое вера, во случаи кога свежата краставица не ни е достапна.

Поврзани статии

Back to top button