Убави книги и филмови
Филм за убав ден
За денеска одбравме една драма која ќе допре до вас и ќе посакате да ја изгледате уште еднаш.
Ова филмско остварување е во режија на Ричард Глецер и Ваш Вестморленд кои воедно се и сценаристи. Главните улоги во филмот ги толкуваат Џулијан Мур, Алек Болдвин и Кристин Стујарт.
Една прочуена професорка по лингвистика започнува да се соочува со чудни симптоми, а дијагнозата е ран почеток на Алцхајмерова болест… Како изгледа да се соочуваш со оваа болест? Дали можеби децата ќе ја наследат? Како ли ќе се функционира понатаму?