Од насУбави муабети

Додека бабата се грижи како се изразува пред детето, дедото е тука да го учи на мрсни или смешни вицови

Не велиме дека родителите се споредни, нормално е дека се најважни во текот на целиот живот на едно дете. Но, некои работи децата обожуваат да ги прават конкретно со бабата и со дедото. А еве зошто дедото е омилен!

Додека бабата е тука да го нахрани и повеќе од доволно со здрава храна, дедото е тој што му дозволува да јаде чоколадо токму пред ручекот. Додека бабата се грижи како се изразува пред детето, дедото е тука да го учи на мрсни или смешни вицови. Додека бабата го наоблекува, во случај да не настине, дедото му дозволува да оди бос по паркетот. Додека бабата се нервира зошто детето не ја изело целата супа, дедото е тука да го награди со сладолед. Додека бабата го учи да гледа цртани додека таа готви или чисти, дедото е тука за заедно да гледаат фудбал, кошарка или формула. Додека бабата го тера да си игра во дворот, дедото го зема за рака и го носи на игралиште. Додека бабата се грижи да не се исфлека, дедото е тука да му дозволи да се претвори во калливо прасе. Додека бабата му чита приказни, дедото е тука да му раскажува случки од неговата младост. Додека бабата меси со детето, дедото е тој што дозволува брашно да лета низ целиот стан. Додека бабата го кара, дедото му намигнува само да не се секира.

Дедото е омилен лик на секое дете.

 

Поврзани статии

Back to top button