Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Саботно, изгледајте добра драма со комични елементи.
Филмот кој го одбравме за денес е драма која ќе ве натера на размислување. Филмот ја следи приказната за еден депресивен тинејџер кој добива двајца ментори кои ќе му покажат други перспективи на нештата. Прекрасен филм за созревањето, траумите, но и обидот за борба против депресијата и лошите спомени.
Филмот е во режија на Стефен Чобски, а главните улоги ги толкуваат Логан Лерман, Ема Вотсон и Езра Милер.