Убави вести

Кога жените се стари за селфи фотки, цевка фармерки и долги коси?

Неодамна во Британија е спроведена анкета за да се дознае до која возраст жените треба да носат тесни фармерки и долга коса. Резултатот можеби ќе ве зачуди, но тој вели вака: После 46тата година жената не треба да носи многу тесни фармерки, ниту искинати и да негува долга коса. Тетоважи не доаѓаат во предвид после 38-мата година. После 34-тата година селфи фотките не се пожелни. Не се излегува по дискотеки и ноќни клубови после 44-тата година. Музичките фестивали се за вас минато доколку имате повеќе од 45 години. Твитер, Инстаграм и Фејсбук се за забава на младите генерации, после 47 година не е пожелно да ги практикувате овие социјали мрежи.

Ова го велат тамошните анкети и истражувања, но, ние сепак не се сложуваме во целост со тоа дека годините треба да го диктираат начинот на живот. Сепак, ви предлагаме да биде се од горе наведеното во граници на нормала и да не заборавите дека иднината останува на помладите генерации!

 

Поврзани статии

Back to top button