Убави вести

Група жени направиле мобилна апликација за полесно преболување!

“Mend” е апликација која иако звучи невозможно, ќе ви помогне успешно да го надминете раскинувањето.

Прекинувањето на врската обично е стресна ситуација за секој човек. Опоравувањето на скршено срце може да потрае подолго или пократко, во зависност од тоа кој го иницирал прекинувањето и што го предизвикало крајот. Апликацијата е создадена за полесно поминување на болно раскинување. Станува збор за апликација создадена од женски колектив од Лос Анџелес.

Оваа апликација ќе ве води на 28-дневна ревитализација и обновување на скршеното срце. Со оглед на тоа што на интернет се нудат премногу содржини за тоа како да се чувствувате подобро по раскинувањето, тие понудија малку поинаков режим за преболување. Оваа апликација нуди различни третмани, предлози за читање, слушање и гледање содржини на оваа тема. Покрај тоа, Mend исто така го нуди и искуството и судбините на други корисници низ целиот свет.

Иако оваа апликација по малку ќе ве изненади, јасно е дека технологијата бавно, но сигурно навлегува во сите сфери на животот. Дали ќе ја вклучиме технологијата целосно во нашиот живот и ќе ги решиме нашите емоционални проблеми со нејзина помош е прашање на личен избор.

Поврзани статии

Back to top button