ЖивотУбави совети
Рецепт за оние кои не можат без мајонез!
Ве советуваме да не конзумирате мајонез надвор од дома, а доколку конзумирате дома да си го подготвите сами и да го чувате во фрижидер обавезно.
Состојки:
2 јајца
4 лажици лимон
2 лажици сенф
1 мала лажичка сол
700гр зејтин
Со миксер измешајте ги јајцата, сокот од лимон, сенфот и солта. Потоа пополека додека мешате додавајте од зејтинот. Во чиста стерилна тегла кренете ја смесата во фрижидер и не конзумирајте ја подолго од една недела.