ЖивотУбави совети

Ве мачат испукани краеви на усните? Природен лек е решение!

Негувани и здрави усни се секогаш во мода.

Кога краевите на устата се испукани станува збор за воспаление на слузокожата и на кожата, кое се јавува на аглите на устата и се манифестира со црвенило, распукување на кожата и чешање. Веројатно нема личност што барем еднаш во животот не се сретнала со овој проблем. Како најчести причинители се наведуваат и недостиг од витаминот Б12 и железо, лоша хигиена на усната празнина, зголемено лачење на желудочна киселина, габична и бактериска инфекција, дијабетес и ослабен имунитет.

Природен лек: Штом ќе се појават измијте ги аглите на устата со сода бикарбона, а потоа нанесете дебел слој мед и оставете да дејствува минимум дваесет минути. Потоа измијте со млака вода. Повторувајте ја постапката три до четири пати на ден.

Поврзани статии

Back to top button