ЖивотУбави совети

Генетиката е чудо: Овие 4 работи ДЕЦАТА ГИ НАСЛЕДУВААТ ОД МАЈКАТА

Научниците неодамна пресметаа во која година точно ќерка станува олицетворение на нејзината мајка. Има една стара поговорка која вели: „Без разлика на кого личиш, на околу триесет години ќерката сигурно ќе личи на мајка си, а синот се претвора во татко…“ Дали се согласувате? Научно е докажано дека има некои работи кои децата најчесто ги наследуваат од своите мајки, додека слично влијание не е докажано кај татковците, а се однесуваат и на изгледот и однесувањето. Еве што наследуваат децата од својата мајка:

Интелигенција
Шансите да го наследите „мозокот на мама“ се значително поголеми отколку ако сте го наследиле од вашиот татко. Во истражувањето спроведено во Глазгов во кое учествувале 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, мнозинството од испитаниците имале ист или максимум 15 поени повисок, или помал IQ од нивните мајки.

Навики за спиење
Ако имате проблеми со спиењето, можеби е виновна вашата мајка. Во стручното списание „Медицина за спиење 2017“. Во 2008 година беше објавено истражување кое откри дека мајките често ги пренесуваат своите навики за спиење на своите деца, така што децата на жените кои страдаат од несоница обично спијат помалку од другите деца. Научниците не забележале такви наследни особини од татковците.

Младост
Ако вашата мајка изгледа младешки, тогаш женските деца имаат навистина среќа бидејќи имаат многу поголеми шанси да изгледаат така на нејзина возраст. Од германскиот институт за биологија на стареење „Макс Планк“ докажаа дека ДНК од митохондриите, кои ги наследуваме директно од нашите мајки, може делумно да го контролира начинот на кој старееме.

Менопауза
И, да, и оваа работа е поврзана исклучиво со женски деца. Имено, големи се шансите жените да влезат во менопауза во приближно исто време од животот како и нивната мајка. Истражувањето спроведено во 2011 година на Британскиот институт за истражување на ракот во кое учествувале повеќе од 2.000 жени покажало дека предвремената или доцната менопауза, односно онаа што се јавува пред 45 и по 55 години, може да биде наследна. Жените чии мајки поминале низ таква менопауза имаат шест пати поголеми шанси да им се случи тоа од жените чии мајки имале менопауза на возраст од 45 до 55 години.

Поврзани статии

Back to top button