Совршен десерт за 5 минути: Брза вкусна торта без млеко и брашно
Овој генијален десерт содржи состојки со кои навистина не можете да погрешите, а одличната вест е што не ви треба ниту брашно, ниту млеко и готов е за само неколку минути.
Состојки:
200 гр обични чајни бисквити
100 гр ореви
80 гр путер
200 гр нутела
400 гр крем сирење
50 гр шеќер во прав
200 мл павлака од 33%
Малку сол
Чоколадо и неколку јаткасти плодови за украсување
Подготовка:
Во еден сад издробете ги бисквитите и оревите, а потоа растопете 80 гр путер и истурете во смесата и измешајте сè да се соедини. Подлогата притиснете ја во кружен калап од приближно 18 цм.
Во друг сад ставете 200 гр крем сирење и Нутела, па измешајте. Прелијте ги бисквитите, па изматете ја павлаката и шеќерот од преостанатите 200 гр сирење.
Со оваа смеса прелијте го претходниот слој чоколадо.
Врвот на колачот украсете го со парчиња ореви и рендано чоколадо. Тортата ставете ја во фрижидер неколку часа да се стегне.