ЖивотУбави совети
“Може твоето дете да биде убиецот, а не жртвата” Јован Илиески
Авторот Јован Илиески преку својот ФБ статус го искажа својот гнев кон случувањата на социјалните мрежи после големата несреќа.
Прво, се случи страшна трагедија. Загубата на родителите е повеќе од голема, и на нејзините блиски. Младата девојка која што е жртва, не може ништо да ја врати за жал, ниту пак овој изгубен живот ќе го измени нашето бизарно живеење и начинот на кој што се однесуваме, јадеме, пиеме, возиме, одговараме на нешто.
Несреќата е доволно голема.
И ако нешто најмногу мразам, тоа е ова што е на фотографиите. Како овој народ за толку брзо време дозна кој е човекот, кој е виновникот, кое годиште се неговите дома, како се викаат, дали имаат купено и изнајмено стан. Па сега, ајде ќе го постираме и ќе му судиме. Па ајде, ќе постираме и слика од девојката и ќе пишеме ‘Почивај во мир’. И надолу ќе напишеме коментари како ‘Амин, амин.’
Па ќе најдеме нели, која е швалерката на татко му, и колку имаат приходи во семејството, месечно. Колку пари само синот носел.
Па, какво детство имал?
Знаеме и како неговите се виновни за неговата вина, па тука сме и судии, и адвокати, и јавни обвинители, тука имаме психолози, социолози, терапевти.
ЛУЃЕ?!
Кој ви го дава тоа право? И да заслужува некој и да не заслужува, дали вие имате свое семејство? Работно место? Професија? Дете? Пријатели? НЕЛИ ИМАТЕ потреба некогаш вашето мислење да го споделите само со најблиските?
Во FBI ли работите?
Па, навреди, па се знае и колку бензин имало во автомобилот, па тука почнуваат очевидци, па се’ тоа само за Фејсбукот да биде симулација на Судница и сега тука ќе се тепаме кој ќе напише коментар со повеќе лајкови затоа што дома имам сопруг/сопруга и пријатели кои што не сакаат да ме слушаат (или не се доволно блиски да ме слушнат) па, ќе се искажам на социјална мрежа, притоа ЕКСПОНИРАЈЌИ информации кои не смеам ни да помислам да ги допрам.
Од каде ви е правото за чепкање во туѓите четири ѕида? И како вас ве засега кој и зошто е виновен?
‘Утре може да е и моето дете.’
Па, утре МОЖЕ ДА Е СЕ’. Што било.
Може твоето дете да биде убиецот, а не жртвата.
И ќе го објавиш на ФБ и ќе го плукаш, а нема да платиш адвокат да му ја скрати казната, така?
Каков НАРОД!! Фрапиран сум. Тетки, стрини, чичковци од Ојлевци, Дојлевци побрзо дознаа од било кој медиум.
Па, тоа се постира, па тоа се решаваат истраги по Фејсбуков, па ако напишам Амин, тогаш жртвата ќе има поголем спокој, па, ќе се дружиме и аднеме на ФБ со пријателката која гледам дека ми ги лајкнала коментарите под порталот.
Како што ги читам и листам коментарите по цел Фејсбук, мислам дека ќе направите и психолошки наод за човекот, ќе го разработите неговото сексуално либидо, а можеби и ќе откриете дали УБИЕЦОТ има скриени фетиши кон некој, со кој спие во купениот стан?(Според тоа што го дознавме од вас, почитувани).
И има ли?
Исусе!
Најискрено, од оваа гледна точка, ниту ви е ЖАЛ за умрениот, ниту сте ГНЕВНИ кон виновникот (за било кој случај).
Само сте луѓе кои што немале денеска што да објават и решиле да СИ НАПРАВАТ САМИ НА СЕБЕ ЗАБАВА.
Дури се занимавате и си ги полните денот со вашиот вид на истрага, молитва до нејзините родители да го пребродат ова што побрзо!
Ако навистина некој сака да е од помош, јавете се на нејзиното семејство и најдете начин да ИМ ЈА КОМПЕНЗИРАТЕ ТАГАТА.
Уште еднаш, фрапиран сум.
И САМО ТОНЕМЕ.
Дното одамна го пробивме!
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5229064517115359&id=100000355864720