Новата година е за НОВИ ПОЧЕТОЦИ: Зошто е добро во НОВОГОДИШНАТА ДЕКОРАЦИЈА да има ЦРВЕНИ детали?
Иако е редовна, и класична, новогодишната декорација во црвена боја никогаш нема да излезе од мода.
Во сите традиции, црвената боја има моќна симболика која привлекува љубов и поволен почеток, бидејќи ја означува бојата на љубовта и енергијата.
Во христијанската традиција, црвената боја ја симболизира крвта на Исус Христос пролеана за да се спаси човечкиот род.
Исто така, црвената боја поттикнува чувство на топлина и потсетува на оган, црвени бобинки и Дедо Мраз. Луѓето кои сакаат црвено се екстровертни, весели и импулсивни.
Сепак, треба да бидете и умерени, бидејќи премногу црвена боја може да поттикне агресија, преголема возбуда и интензивни емоции.
Затоа, ако црвената боја е доминантна во просторот, таа треба да се неутрализира со други помалку огнени бои, како бела или златна, па дури и зелена.