Брз и едноставен рецепт за вкусна вечера!
Што вкусно да јадете денес?
Потребно:
8 палачинки
За полнење:
300 гр сирење
2 лажици рендан кашкавал
100 гр спанаќ или блитва
1 јајце
1 лажица кисела павлака
За прелив:
1 јајце
200 мл јогурт
100 мл млеко
2 лажици рендано сирење
Подготовка:
Во сад скршете 2 јајца, додадете 45 мл млеко, сол, брашно и малку масло, изматете го тестото со жица. Направете палачинки.
Ви требаат 8 поголеми палачинки за плех од 35х25 см.
Скршете го сирењето, додадете 1 јајце, спанаќот, кашкавалот и павлаката и сè убаво измешајте. Наполнете ја секоја палачинка со 2 лажици прелив.
Преклопете ги страните, а потоа горната и долната страна правејќи мали снопови во форма на квадрат.
Се редат во подмачкана тава. Во истиот сад изматете го јајцето, додадете јогурт, млеко и малку масло како и 2 лажици сирење и изедначете.
Прелијте ги палачинките. Печете ги на 220 степени околу 40 минути за убаво да заруменат. Откако ќе олади исечете коцки.