ЖивотУбави совети

Ве мачи опаѓањето на косата?

Со губење на косата понекогаш е тешко да се помирите. Но, дали сте знаеле дека косата на главата може да дефинира дел од вашиот идентитет? Тоа се одразува на сликата што ја имате за себе и како сакате другите да ве видат. Ако сте почнале да ја губите косата, може да чувствувате како да губите дел од својот идентитет. Ова може да доведе до ниска самопочит, а понекогаш и до депресија.

За да се спречи опаѓањето избегнувајте пеглање, фенирање, не плетете плетенки и не врзувајте ја често косата. Овие агресивни дејствија може трајно да го уништат коренот и растење на нова коса.

Покрај промена на годишните времиња да предизвикаат губење на косата можат и лекови, недостаток на железо, полицистични јајници, проблеми со исхраната и стрес. Премногу силно или премногу слабо функционирање на тироидната жлезда може да биде причина за влошување на косата. Ова е заеднички проблем кај оние кои имаат историја на болест или кај жени кои во брзо време се породиле. Исхрана може да предизвика губење на косата, затоа што телото не добива доволно храна, протеини и железо.

Затоа, ако сакате да имате здрава и јака коса важно е да обрнете внимание на урамнотежена исхрана, богата со витамини, минерали и протеини.

Витамин Ц е одличен во борбата против губење на косата. Јадете портокали, пиперки, папаја, јагоди, грејпфрут, лимон, спанаќ, брокула, зелка, карфиол.

Витамни Б ги ублажува симптомите на анемија, болест која што може да биде причина за губење на косата. Овој витамин дава сјај на косата. Во големи количини го има во туна, пивски квасец и банани.

И најважното: Третирајте ја косата еднаш неделно со чичково, маслиново или кокосово масло за да имате прекрасна и негувана коса.

Поврзани статии

Back to top button