Убави вести

„Пустелија“, прв сингл на Љубојна и DULELUD во кој се спојуваат етно музиката и електронскиот звук

Бендот Љубојна и продуцентот DULELUD го промовираат нивниот прв заеднички проект, „Пустелија“, во кој ги споија магичниот етно вокал на Вера и електронскиот звук.
Оваа соработка е нешто на што DULELUD подолго време се фокусираше и вели дека му е огромна чест што токму со Љубојна го направи првиот чекор.
„Кога две различни движења во доменот на музиката ќе ги спојат своите сили, резултатот е неизбежен – ремек дело. Така беше и овој пат. Инкорпорирајќи го македонскиот мелос изведен од ‘Љубојна’, успеав да се осознаам на поразличен начин и да креирам сингл според вибрацијата на моето срце“, вели DULELUD.
Спотот за „Пустелија“ комплетно го реализира Виктор Стоимиров, а е сниман на локацијата Силвер лејк сенд дјунс во Мичиген, САД.
Синглот беше премиерно пуштен летово на островот Миконос, во елитниот клуб „Скорпиос“.

Поврзани статии

Back to top button