Домашна маска против стареење за лица со масна кожа
Колку и да сакаме, невозможно е да се запре процесот на стареење. Сепак, во наша моќ е да го забавиме. На пазарот за козметика има огромен број на различни производи против стареење: креми, серуми, тоници и маски. Не можете сами да подготвувате серуми и креми, но лесно можете да подготвите маски сами дома користејќи состојки од фрижидерот. Во продолжение маска против стареење за лица со масна кожа.
Маска за масна кожа – направи сам:
2 белки од јајца
1 лажица мед
3-4 капки масло од чајно дрво
Изматете ги белките од јајцата. Додадете мед и масло од чајно дрво и полека промешајте. Нанесете ја оваа мсака на лицето 15 минути, а потоа исплакнете ја со ладна вода.
Белките од јајцата не само што го стимулираат производството на колаген, туку и помагаат во стеснување на порите и намалување на производството на себум. Оваа маска ја хидрира кожата и се бори со акните во исто време.