ЖивотУбави совети

За две недели ослободете се од целулитот – сами дома!

Кожата е најголемиот орган во човечкото тело преку кој телото исфрла дури третина од сите токсини. Со текот на времето, нејзините пори се затнати, се појавува целулит. Според експертите, најдобриот начин да се справите со целулитот е третман за чистење на кожата.

Една од најефикасните антицелулитни методи е чистење на кожата со четка од природни влакна. Овој метод ја подобрува лимфната дренажа, ја забрзува циркулацијата на крвта на кожата, прави детоксикација, а исто така го спречува и намалува целулитот, велат дерамтолозите.

Како правилно да ја исчистите кожата сами дома:

Четка со природни влакна со долга рачка ќе ви помогне да ги достигнете сите делови на телото.

Најдобро е да се спроведе третманот наутро пред да се истуширате.

Четкајте ја кожата со долги, интензивни потези, почнувајќи од долу нагоре.

Стомакот и задникот третирајте го со нежни, кружни движења.

Важно е кожата да не се „четка“ премногу грубо, бидејќи главната цел е да се подобри циркулацијата и протокот на лимфата, а не да се оштети кожата.

Минималното време на „чистење“ е 2 минути, максималното е 20 минути.

Кога ќе завршите со четкање, истуширајте се наизменично со топла и ладна вода. На овој начин, ќе ја стимулирате циркулацијата на крвта.

По туширањето, избришете ја водата со лесно потчукнување со крпа и мачкање на кожата со некое природно масло, како што е кокосовото масло.

Ако го практикувате овој третман секој ден, ќе видите неверојатни резултати за само две недели.

 

 

Поврзани статии

Back to top button