ЖивотУбави совети

Паштета од тиква и наут, идеална за појадок и вечера!

Рецепт за крем намаз кој е идеален за појадок или вечера и може да го направите во најразлични комбинации, а особено вкуснен намаз би добиле доколку би го комбинирале со тиква.

Потребни состојки: 350гр варен наут, 150гр тиква печена, 2 чешниња лук, 1дл сок од лимон, 50гр печен сусам, 2дл маслиново масло, прстофат сол, 2дл вода и прстофат црвен пипер.

Подготовка: Ставете ги состојките во блендер и блендирајте додека не добиете компактна мешавина. Додајте ги маслиновото масло и зачините и повторно се заедно измешајте. Ако вашата мешавина е премногу густа, додадете малку вода, додека не ја добиете саканата густина. Посолете по желба, на крај додадете го печениот сусам.

Намазот идеален е во комбинација со печен или домашен топол леб. Добар апетит.

Поврзани статии

Back to top button