Книги кои вредат да бидат прочитани!
За денес одбравме три супер интересни книги кои вредат да бидат дел од вашата домашна библиотека. Книги кои ќе ви го задржат вниманието се до последната страница.
Изгубена надеж (Колин Хувер) Во „Безнадежно“, Скај не остави ниту една тајна неоткопана, ниту едно чувство несподелено, и ниту еден спомен заборавен, но минатото на Холдер остана мистерија. Прогонуван од малечкото девојче на кое му дозволи да замине, Холдер сиот свој живот го помина барајќи ја и во обид конечно да се ослободи од разорувачката вина што ја чувствува со години. Но она што не можеше да го предвиди е дека во моментот кога повторно ќе се поврзат, ќе го преплави уште поголем бран каење… Понекогаш во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мора да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Во „Изгубена надеж“, авторката на бестселери Колин Хувер открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен.
Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер (Кели Хармс) Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк. Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие. Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудлиов ново поглавје од нејзиниот жиовт, или да се врати на животот што го оставила зад себе.
Без Мерит (Колин Хувер) Семејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит. Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, посматрајќи го семејството од страна, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи. Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ù успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.